Мојата кујна

Највкусниот домашен сладолед со лешник

Пробајте го фантастичниот домашен сладолед од лешници…сигурно нема повеќе да го купувате од продавница !!!

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

250 грама или ½ килограм лешници ( количествово на лешници зависи од тоа колку сакате вистински да го почувствувате вкусот на лешник )

1 литар слатка павлака

7 жолчки

250 грама шеќер во прав

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Доколку купите непечени лешници истите ставете ги во плех за печење и печете додека не поруменат, доколку не, печените лешници излупете ги и издробете ги ( истолчете ги )на ситни парчиња.

Слатката павлака ставете ја на умерен оган и загреј те ја, но не дозволувајте да зоврие. Со жешката павлака прелиј те ги истолчените лешници и покријте го садот. Оставете павлаката да се олади.

Пенесто изматете ги жолчките со шеќерот. Оладените павлака и лешници процедете ги. Ароматизираната павлака додадете ја во смесата од жолчки и шеќер. Садот со смесата ставате ја на умерен оган и варете ја со постојано мешање додека не добиете густа смеса.

Кремот тргнете го од оган и повремено мешајте за да се олади побрзо, а потоа ставете ја во замрзнувач.

При сервирање готовиот сладолед посипете го со дробените лешници.

Вкусот е извонреден !!!

Уживајте!!!

Write A Comment