Во Хрватска започна снимањето на филмот “Caught in Flight”, кој ќе биде посветен на последните две години од животот на британската принцеза Дијана, која ќе ја глуми австралиската глумица Наоми Вотс.
Поголемиот дел од филмот ќе се снима во Опатија, а некои делови ќе бидат снимани во Загреб.
На Наоми Вотс и бил комплетно сменет личниот опис, со што таа неверојатно потсетува на Лејди Ди.


Во центарот на случувањата ќе биде и љубовната афера на Дијана со хирургот Хаснат Кан.
