Celebrity

Направете филм за Ridley Scott!

По проектот „Life in a Day“, режисерот и продуцент Ridley Scott повторно бара нова филмска ѕвезда и тоа на фестивалот „Your Film“.

Овој фестивал ќе се одржи на „Ју Тјуб“, каде сите заинтересирани режисери, сценаристи и продуценти треба да ги испратат своите остварувања во било кој формат и тоа во траење од 15 минути. Ќе бидат одбрани 50 полуфиналисти, а потоа Интернет заедницата ќе гласа и ќе одбере десет најдобри, кои подоцна ќе бидат прикажани во состав на фестивалот во Венеција.

Конкурсот е отворен до 31-ви Март. Како дел од проектот е и Michael Fassbender, кој ќе биде жири на фестивалот, а победникот ќе добие 500.000 долари и прилика да сними филм за продуцентската куќа на Scott – „Scott Free“.

 

Напиши коментар