Celebrity

Направете ремикс за Бијонсе :)

Пејачката објави конкурс за ремикс на својата песна „The End of Time“ која е дел од последниот нејзин албум „4“.

Бијонсе, која се породи во јануари, најави брзо враќање на музичката сцена и ги покани своите фанови да учествуваат на конкурсот и да испратат своја верзија на песната преку нејзиниот официјален сајт.

Верзијата на песната која ќе добие најмногу гласови ќе биде официјален ремикс. Победникот со најдобар ремикс ќе освои награда од четири илјади долари, а новата песна ќе биде објавена во најновото издание на пејачката.

Напиши коментар