Free zone

Нарцисоидноста е погубна за мажите

Преголемата потреба од воодушевување на самиот себе, односно нарцисоидноста може да биде погубна за мажите. Ова е заклучокот на една научна студија направена на универзитетот во Мичиген.

Ваквите мажи имаат повисоко ниво на кортизол, што е причина за голем крвен притисок и последователно на тоа срцеви пореметувања.

Се разбира дека е добро да се сакате себе си, да имате позитивна слика за себе, но секое претерување е дополнителен стрес а во поекстремните случаи може да доведе и до депресија па и пореметување на личноста.

Чудно, но научниците велат дека ова не е случај кај жените. Нарцисоидноста кај жената не ги остава овие ефекти, кај неа се во премногу блага варијанта.

Напиши коментар