After Midnight

Научни причини зошто имаме секс

Откако Дарвин ја постави својата за еволуцијата, луѓето некако прифатија дека сексот има само една цел – размножувањето. Но, понекогаш работите не се толку едноставни. Ви претставуваме некои од најпознатите научни теории за тоа што всушност претставува сексот:

Бакнувањето еволуирало како заштита од вируси:

Речиси сите човечки култури практикуваат бакнување, а и некои животни исто така, но дали некогаш сте се прашале зошто се бакнуваме? Истражувачите од Универзитетот во Лидс тврдат дека бакнувањето еволуирало како начин жените да се заштитат од инфекцијата наречена цитомегаловирус. Ова е вирусот од семејството на херпеси кој, доколку инфицира бремена жена, постои 50% шанси таа да го изгуби плодот. Но доколку жената е изложена на мала количин од вирусот пред бременоста, таа шанса значително се намалува.

Стенкањето за време на секс било повик за групен секс:

Биолозите Салилда Џет и Кристофер Рајан во својата книга “Секс наутро” даваат една интересна теорија која тврди дека луѓето никогаш не би требало да бидат моногамни и дека самата еволуција се уништува со поимот брак. Меѓу многуте оправдувања за нивната теорија, тие тврдат дека жените стенкаат затоа што во минатото стенкањето било повик кон другите мажи да се „приклучат на забавата“.

Зошто воопшто имаме секс?

Одговорот е дека сексот, како и луѓето, постојано еволиура, но дека неговата примарна функција е размножувањето. Секое дете го носи најдобриот генетскиот материјал од своите родители и претци. Тоа е добро бидејќи тоа го прави човекот понапреден од неговите природни непријатели, како на пример паразитите, бактериите и вирусите, па со тоа го осигурува и неговиот опстанок како вид.

Женски оргазам е среќна случајност:

За разлика од машкиот оргазам, кој е нужен за размножување и опстанок, единственото нешто што го нуди женскиот оргазам е доброти чувство. Помеѓу 70 и 80 проценти од жените признаваат дека во животот доживеале клиторичен оргазам. Интересна е теоријата и дека клиторисот кај жените е остатокот од нешто што требало да биде пенис.

Според биологот Елизабета Лојд, женскиот оргазам нема апсолутно никакво влијание врз  репродукцијата на луѓето. Како што мажите имаат бесполезни остатоци од брадавици, така и жените имаат рудиментиран пенис. Кога започнува оформувањето на плодот, најпрво се формираат нервите, кои се исти кај сите фетуси, а дури по некое време се оформуваат гениталиите. Тоа всушност е прижината зошто жените уживаат во оргазмот.

Напиши коментар