Кога сте напрегнати или под стрес, сигурно последното што ви паѓа на памет да го сторите е да се насмевнете. Размислете повторно.
Според експертите насмевката може да ја подобри работата на срцето и крвоносниот систем како и расположението. Ваков ефект ќе имате дури и ако се смеете со сила.
Во почетокот тоа е механичка активност. Но понатака насмевката може да биде „заразна“. После неколку минути ќе почувствувате олеснување и ќе можете да се смеете вистински.
Во експериментот учествувале околу 200 студенти, а експертите го истражувале ефектот на насмевката врз емоционалното и физичкото здравје.
Додека доброволците се смееле експертите ги поставувале во различни стресови ситуации како поставување на рацете во кофа со мраз.
Резултатие покажуваат дека луѓето кои успеале да ја задржат насмевката и покрај непријатните ситуации се со подобра срцева функција и намалено ниво на стрес хормонот кортизол.
Во денешно време терапијата со помош на смеење станува се поактуелна како алтернативен метод за подобрување на општата здравствена состојба на организмот и расположението. Дури се создадени специјални јога школи во таа насока .
