← НАЗАД НА БОЗА

Науката го одговори прашањето: Што всушност сакаат жените ???

Науката го одговори прашањето: Што всушност сакаат жените ???
989 Читања

Студиите на Универзитетот во Британска Колумбија открија дека на жените најмалку ги привлекуваат мажи со насмевка на лицето. Научниците не знаат зошто насмевката, на жените им делува како ладен туш, но сметаат дека тоа им врска со нашето минато. Всушност, помеѓу приматите, насмевката е гримаса што предизвикува страв и симболизира покорност. Што всушност жените ги привлекува? Научниците тврдат, дека тоа се гласни и горди алфа мажи или пак тивки, повлечени и мрачни типови.

Без оглед дали на жената ја привлекуваат  русокоси, темнокоси… она на што најголемиот број жени не можат да одолеат е, верувале или не, просечниот изглед на мажите. Студиите на Универзитетот во Тексас, покажуваат дека на жените повеќе ги привлекуваат мажи со просечен изглед, отколку згоден маж. Научниците сметаат дека жените потсвесно бираат маж со просечен изглед, за да се чувствуваат посигурно и да ја избегнат конкуренцијата.

Во истражувањето кое зафаќа 400 возрасни жени со двајца родители кои долги години се заедно, учесниците биле испитувани во врска со бојата на очите на нивниот татко и нивниот маж. Резултатите покажале дека жените во најголем број избирале партнери кои прилично наликуваат на нивните татковци. Исто така, научниците откриле дека жените кај партнерот бараат облик на лице, каков што има нивниот татко. Научниците, тврдат и дека карактеристиките на родителите се „ запишани “ во мозокот и никогаш не нé напуштаат.

Истражувањето на Универзитетот во Абердин, Шкотска, покажало дека на жената и се допаѓаат мажи со понежен изглед. Всушност, за време на истражувањето, научниците на испитаниците им покажале две фотографии на ист човек со суптилни разлики. На едната, човекот имал тесна вилица и заоблени очи, што почесто е карактеристика за женското лице, а на другата фотографија имало лице со класични машки карактеристики. Најголемиот број на жени откриле дека попривлечен им е мажот со нежни и по малку женствени црти на лицето.

Жените веруваат дека преку способноста на мажот за танц, можат да го проценат неговото здравје, сила и спретност, па ги советуваат мажите, наместо да седат на шанк, ако сакаат да ја освојат жената, да играат на подиумот.

Една студија открива дека жените ги привлекува црвена облека на мажите. Во истражувањето, испитаниците разгледувале фотографии со различно облечени мажи и требало да кажат кого со задоволство би го бакнале. Најмногу гласови добил мажот во црвено.

Заборавете на должината, се е во дебелината!!! Сексолози од Универзитетот во Тексас откриле дека дури 90% од жените преферираат дебелина, отколку должина на пенисот.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk