Британскиот пејач го најави својот нов албум кој е насловен како “Take the Crown”, кој треба да излезе на 5-ти ноември.
Тој им се обрати на своите фанови на Facebook кажувајќи ја веста дека снимањето на новиот материјал е при крај, така што албумот во продажба ќе биде пуштен на 5-ти ноември.
Роби го објавил омотот на албумот и истакнал дека освен во музичките продавници, албумот ќе може да се нарача и преку неговиот официален веб сајт.
