← НАЗАД НА БОЗА

Ако не те побара првите 3 дена – заборави го!

Ако не те побара првите 3 дена – заборави го!
1682 Читања

Правилата кои важат кога се во прашање првите состаноци и пораки при отпочнувањето на една љубовна врска, можат да бидат прилично неизвесни, збунувачки и макотрпни. Новите истражувања  на познатите научници дадоа интересни резултати – ако не ви се јават, или ако не добиете порака 36 часа по првата средба (состанок), би било добро да заборавете на целата работа.

Ако по состанокот што се случил во сабота навечер, порака или телефонски повик не добиете до понеделник до 11 часот и 48 минути, шансите за следен состанок се многу мали, се покажало со новото испитување. Модерната комуникација толерира „три дена“ ; значи, ако по три дена нема порака или телефонски повик, мала е веројатноста тоа лице повторно да ве побара или  да ви се јави.

Истражувањето направено од страна на LoveGeist а по нарачка на Match.com покажало дека правилото ( три дена) значително се скратило, така да денес тоа изнесува само 1,52 дена, што значи дека по саботното излегување на повторно јавување или порака просечно би чекале до понеделник и тоа до 11 часот и 48 минути, пишува Daily Mail.

„Тридневното правило“ можеби и било почитувано во времето кога сите користеа фиксни телефони, но денес со напредокот на технологијата се воведе и револуција во начинот на барање и наоѓање партнер. Во денешно време кога скоро сите покрај себе имаат мобилни телефони, три дена чекање да се јавите некому ве прави и по малку сурови. Добрата работа на новото правило од 1,5 дена чекање е тоа што сега побргу дознаваме дали (му) се или (и) се допаѓаме, вели Кате Taylor, стручњак од Match.com, и додава дека најдобар начин да  покажете дека некој ви се допаѓа е да му испратете кратка, јасна и шармантна порака  која, покрај другото ќе содржи и покана за нов состанок, а битно е пораката да биде кратка и слатка.

Кога станува збор за тоа кој прв ја презема иницијативата за првите состаноци и запознавања, уште се на сила традиционалните улоги на половите, па така 22 отсто од жените чекаат први да се јават мажите, а 5 отсто од мажите чекаат тоа да го сторат жените.

Кога е во прашање втора средба, мажите се многу поупорни отколку жените; дури 31 отсто од нив се обидуваат да договорат средба два или три пати пред да се откажат. Жените се понетрпеливи па 28 отсто од нив би се решиле да испратат порака доколку мажот не се јави прв.

 

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk