After Midnight

Не сте во врска ? Ова се Вашите предности …

Не очајувајте! Веројатно, не сте ни свесни кои се предностите на слободниот живот. Тука сме, да Ви ги прикажеме…

1.Вие одлучувате за сé и сé е по Ваше

Кога сте во врска, мора да се прилагодите на Вашиот партнер, правејќи баланс на заедничките желби и потреби. Кога сте сами, тоа го нема и можете да правите што сакате, со кого сакате. Го имате чувството на потполна слобода. Уживајте во него !

2.Можете да бидете подобра пријателка

Кога ќе се врзате за некој, Вашите приоритети се менуваат. Вечерните излегувања стануваат посветени, најчесто, само за него, а пријателите ги ставате на „ чекање “. Една од најчестите грешки кои жените ги прават е тоа што поради новата љубов и занемаруваат старите пријателства.

3.Посамојстојни сте

Во човечката природа е да се потпираме на  помошта од другите, а кога сте во врска, голема тежина паѓа на „ грб “. Кога сте сами – едно, што ги немате туѓите проблеми, друго, подобро може да се справите со сопствените. Едноставно, морате, бидејќи немате никој кој би решавал за Вас.

4.Нема драми во Вашиот живот

Секоја врска со себе носи препреки, љубомори, солзи…Кога сте сами, драмите ги нема. Нема расправии и емоционални уцени.

5.Можете да се фокусирате на кариерата

Со оглед на тоа дека имате повеќе слободно време, можете да го искористите за напредок во кариерата. Кога сте сами, никој нема да Ви приговара дека подолго работите или имате работа за време на викенд, а и Вие нема да чувствувате вина, бидејќи некој запоставувате.

6.Вие сте секогаш на прво место

Доколку не сте во врска, ова е прилика да се фокусирате на себе и да сфатите што сакате а што не. Тоа што сте сами, ќе Ви овозможи да откриете кои сте, и што е најважно, да научите да се сакате самите себе.

Write A Comment