After Midnight

Не заборавајте да комуницирате со партнерот

Најголемиот број на кавги помеѓу партнерите се резултат на лошата комуникација и неможноста да го кажете она што навистина го мислите. Луѓето немаат време да зборуваат и да ги споделат со партнерот своите ставови, потреби и мислења. Ние Ви  откриваме што е она што му навистина му е потребно во врската, но поради некоја причина не може да Ви каже.

Научете да простите. Жените често знаат да претеруваат во очекувањата дека нивниот партнер мора да ги надомести грешките кои ќе ги направи.

Бидете отворени за она што навистина го сакате.  Ако сонувате за деца и формирање на семејство, веднаш тоа ставете му го до знаење. Доколку сметате дека треба да поминете повеќе време заедно, отворено кажете му. Тие не можат да читаат мисли.

Бидете подготвени за промени. Ако тој може да се прилагоди на Вас, на пример да ја спушта капакот на тоалетната шолја, и Вие би можеле да се прилагодите на него. Заедничкиот живот носи многу промени.

Обидете се да го разберете пред да почнете да го осудувате. На пример ако тој некоја причина не сака да почнете да живеете заедно, сослушајте го пред да почнете да мислите дека тој не е вистинскиот за Вас. Можеби неговиот став е оправдан од негово претходно искуство и има добри причини зошто сака да почекате пред да направите таков чекор.

Напиши коментар