After Midnight

Неколку работи кои ќе ви ги открие неговиот автомобил

Ако ви се допаѓа некој маж, а за него не знаете многу и неможете да добиете информации можеби може да дознаете нешто и од неговиот автомобил.

Надворешен изглед

Изгребан, чукнат автомобил отсликува човек кој не е баш најдобар возач, но и веројатност дека не е крив за случувањата од околината. Можеби станува збор за човек кој не обрнува многу внимание на работите и какви и да се ги прифаќа. Немарливоста е негова главна одлика. Доколку пак се потресува за секоја гребаница и доживува стрес на секоја дупка на патот, тогаш тој е своевиден фрик. Барајте ја златната средина.

Внатрешен изглед

Уреден автомобил ќе и биде драг на секоја жена. Неуреден автомобил значи дека не се грижи за работите што ги има. Доволно му е само она што го има да му ги задоволи потребите, а грижата ја препушта на некој друг.

Големината

Непотребно големи чудовишта од автомобил само ја погажуваат големината на неговото его. Не е за сериозни врски, сака внимание од секоја жена на патот.

Боја

Светлите бои ја отсликуваат неговата приврзаност и мек карактер. Темните бои пак издаваат нескротливост, самоволност…

Напиши коментар