Celebrity

Нема „Avatar 2“ пред 2015 година!

Jon Landau, кој е продуцент на првиот дел од мегапопуларниот филм „Аватар“ изјавил дека постои голема веројатност дека „Аватар 2“ биде готов дури во 2015 година.

–          Немаме прецизен датум, но мислам дека засега 2014 година е невозможна и дека нема шанси сѐ да биде завршено дотогаш. Првиот „Аватар“ требаше да биде готов во 2008 година, а тоа се случи една година подоцна, – изјавил продуцентот во едно интервју.

Режисерот James Cameron, пак, изјавил дека би сакал да ги израдува фановите на филмот за Божиќ 2014 година со ново продолжение. Исто така, тој открил дека во план се две продолженија кои во кината ќе бидат прикажани едно по друго.

Write A Comment