Celebrity

Нема повеќе вампирски живот за Pattinson!

Актерот Robert Pattinson конечно се збогува засекогаш со својата улога на вампир, како и од вампирскиот живот.

Факт е дека се прослави со улогата во „Самрак“ сагата, играјќи ја улогата на вампирот Edward Cullen, но за него актерскиот живот продолжува во друга насока. Најново од него е што ќе се појави во филмот „Cosmopolis“ на режисерот David Cronenberg.

–          Бев инспириран од неговата глума, тој покажа дека знае да отелотвори повеќе различни улоги, а не само одредени, – изјавил познатиот режисер.

Инаку, филмот е адаптација на книгата со ист наслов, дело на писателот Don DeLillo. Сценариото го следи милијардерот (Pattinson) на едно патување низ Менхетен.

Напиши коментар