Сепак не е се до сексот, број еден причина за неверство е емоционалното незадоволство кај мажот и жената, додека пак сексуалното е на второ место.
Мажите повеќе изневеруваат од жените
Статистички мажите повеќе изневеруваат и тоа 49% од мажите изневериле, а жените се за 2% помалку. Од жените 47% се неверни.
Мажите изневеруваат дека се незадоволни во сексот
Од испитаниците кои учествувале во едно истражување, дознаено е дека мажите изневеруваат затоа што партнерката не ги задоволува сексуално. Но, изненадувачки е фактот дека 34% од мажите изневеруваат затоа што сакаат да имаат блиска личност на која ќе имаат да и се пожалат, да им биде пријател и воедно да ги задоволува сексуално.
Порнографијата и неверството се поврзани
Научниците велат дека мажите кои сакаат да гледаат порнографија, повеќе од вообичаено се склони кон неверство.
Славните личности се склони кон неверство повеќе од останатите
Ова и не е така неочекувано, со оглед на тоа дека популарноста и моќта ги прават попривлечни за жените. Многу од мажите го користат тоа.
Еднаш изневерил, секогаш ќе изневерува
Дури 81% од испитаниците се изјасниле дека по првото неверство кое го направиле, го повториле истото.
