Celebrity

Необјавен мјузикл на Мајкл Џексон!

Кралот на поп музиката уште пред неколку години снимил албум заснован на поезија, но тој албум дури сега ќе излезе во јавност.

Мајкл Џексон снимил албум посветен на делата на шкотскиот писател Роберт Бернс, односно напишал музика за неговите стихови и планирал од тоа да направи сценски мјузикл. Албумот од неодамна се наоѓа во рацете на Дејвид Џест, музички промотер и поранешен сопруг на Лајза Минели.

–          На албумот има десетина нумери снимени според песните на Бернс и планирам да му го подарам на музејот на Бернс во Ејшир, – изјавил Џест.

Претставник на шкотската власт потврдил дека во тек се преговорите за донирање „извесен музички материјал“, но сеуште не се знае дали тој материјал ќе биде објавен.

Write A Comment