Celebrity

Неприкосновениот Боб Марли

Британците сметаат дека Боб Марли е музичарот кој имаше најголемо влијание врз светската култура и општество во минатиот век, како и врз историјата на модерната рок музика.

Резултатите од една анонимно спроведена анкета која е организирана на неколку портали кои се занимаваат со музика беа објавени по повод 67 години од раѓањето на Марли.

Тој убедливо стои на првото место, а второто место му припаднало на легендарниот член на „Битлси“ Џон Ленон, додека третото место го зазел неодамна починатиот крал на поп музиката, Мајкл Џексон.

Напиши коментар