Celebrity

Нешто ново (старо) од Sex Pistols

Демо снимката на песната Belsen Was A Gas, за која се веруваше дека е изгубена, објавена е на интернет и ќе биде дел од бокс сетот по повод 35 години од објавувањето на албумот Never Mind The Bollocks.

Оваа песна ја напишал Сид Вишес уште пред да стане член на бендот,а Џони Ротен во 1977 година ја „запиша„ на листата на стални концертни песни.

До сега постоеше единствено во живо, а оригиналната демо снимка наводно е пронајдена во прашина, во едно британско студио каде со децении била во заборав.

Напиши коментар