Зелката има многу лековити својства за кои дефинитивно треба да знаете!
Зелката поради своите својства и вредности во древниот Египет и во Римското царство бил многу ценета билка. Покрај тоа што содржи многу лековити својства, во исто време е многу добар продукт кој секако треба да си го приуштите, а еве и зашто:
Зелката ги елиминира токсините, делува лаксативно, против запалувања, го јакне организмот и дезинфицира. Сировата или лесно припремена зелка на пареа е богат извор на хранливи состојки, витамин А, Б, Ц и Е, калциум, сулфур, силициум, магнезиум и јод. Таа содржи многу железо и јод, а многу е делотворна и против анемија, ја обновува нашата снага кога сме исцрпени од болест.
Зелката го јакне имунолошкиот систем поттикнувајќи го произведувањето на антитела. Конзумирајте ја во супа или како многу здрав чај од зелка кој ефикасно не брани од настинка, грип и кашлање. Сулфурот од зелката ги дезинфицира дишните патишта. Многу интересно е и делувањето на зелката на зацелување на чир во гастроинтестиналниот тракт. Се редовното користење на сировата зелка се штитиме од рак на дебелото црево. Исто така помага во обновувањето на црниот дроб и го регулира нивото на шеќер во крвта.
Зелката делува смирувачки, закрепнувачки, исцелува, дезинфицира, го подобрува исфрлањето на токсини од телото. Облоги од зелка помагаат во зацелување на рани, опекотини, модрици, чиреви, акни и херпес, па и каснувања од инсекти. Припремете ги така што листот од зелка ќе го намокрите во топла вода, а потоа додатно ќе го омекнете со помош на сукало. Така припремената облога ставете ја на заболеното место и замотајте ја со газа, и прицврстете ја. Облогите од зелка се многу корисни и ги ублажуваат отоците на зглобовите. Ако облогата од зелка ја ставите на градите, се намалува кашлањето, а во долниот дел на стомакот се намалува запалението на мочниот систем. Сокот од зелка лечи опекотини, убоди од инсекти, чиреви и акни.
