After Midnight

Неверството може да ве убие

„Прељубниците“, односно оние кои изневеруваат се изложени на поголем ризик да умрат за време на секс. Научниците докажаа дека превртливото и неверно срце е опасен убиец.

Новите извештаи покажуваат дека оженетите мажи кои изневеруваат имаат поголем ризик да умрат за време на секс. Студиите на американската асоцијација за срце утврдиле дека младите жени и непознатите околности го зголемуваат стресот на срцето.

Професор Глен Левин од колеџот Бејлор, како и група други научници, извршиле аутопсија на 6000 лица кои починале од ненадејна смрт и откриле дека дури 0.6% од нив умреле за време на секс.

Дури 93% од тие случаеви биле женети луѓе кои умреле додека имале вонбрачен секс.

Значи, ако сакате да го намалите ризикот од срцев удар, бидете верни и имајте секс само со вашата жена и тоа во позната околина!

Напиши коментар