After Midnight

(НЕ) Вистини околу љубовта и врските…

Верувате дека во животот само еднаш се сака вистински и дека секој некаде има своја сродна душа? Ако вашиот одговор е потврден, мора да Ви кажеме, дека верувате во љубовен мит.

Прочитајте повеќе такви…

1. Само еднаш се сака ?

Сеуште го чекате принцот на бел коњ кој во секој момент ќе пристигне во Вашиот живот? Време е да се соочите со реалноста!!! Доколку имате сродна душа, тоа не значи дека таа личност ќе остане иста и по неколку години. Само сетете се на првата љубов и силните чувства. Човек може да се заљуби повеќе пати… Погледнете, принцовите се насекаде околу Вас…

2. Можам да го променам партнерот ?

Мислите ли дека работите кај партнерот кои Ви пречат ќе исчезнат и Вашиот партнер со тек на време ќе се промени? Можеби… но тоа ќе трае две недели. Навиките се тешки за менување, така што, некако, прифатете ги неговите маани, бидејќи никој не е совршен. Доколку пак тие се преголеми, можеби е време за нова љубов…

3. Бракот и детето ја зацврстуваат љубовта ?

Динамичниот начин на живеење ни остава многу малку време за планирање романтично дружење со партнерот. Ваквите ситуации доведуваат до чести кавги, а понекогаш и до прекини на врска.

Мислите ли дека бракот и детето ќе ја поправат Вашата разнишана врска ? Грешите ! Децата се обврска и одговорност која бара целодневен ангажман, а ако не можете да испланирате време за Вас двајца, можеби тоа не е врска која има иднина.

4. Неверството може да ја спаси врската ?

Неверството е честа појава кај врските кои западнале во монотонија. Личноста која го сторила неверството, најчесто се теши дека тоа го направила за да ја спаси врската. Меѓутоа, тоа е заблуда која единствено носи раскинување и разочарување. Ако партнерот го прости неверството, остануваат недовербата и сомнителноста, односно стравот од повторна прељуба.

5. Мажите изневеруваат а жените се верни ?

Можеби некогаш…кога жените премногу врзани за домот… Но денес, кога владее еднаквост на половите, неверството е присутно и кај жените. Најчеста причина е желбата за возбуда и авантура, кои многу бргу се покажуваат како грешка потег…

 

Напиши коментар