Celebrity

Невообичаена соработка – Лил Вејн и Бруно Марс со ново видео!

Тука може премиерно да го погледнете невообичаеното, но оригинално видео за песната „Mirror“ на Лил Вејн во соработка со Бруно Марс. Песната е дел од деветиот студиски албум на Лил Вејн и тоа како петти сингл за прв пат била пуштена во етер на 1-ви Ноември.

Денес, по точно два месеци излезе и видео записот кој е дело на талентираниот Антоан Фугуа што има соработувано и со Стиви Вондер, Ашер, Тони Брекстон и многу други познати музичари.

Песната има длабоки емоции, а исто и спотот. Всушност, Лил Вејн си прави ретроспектива на својата личност гледајќи се во огледалото.

Погледнете:

Напиши коментар