Убавина

Нежен пилинг од бадеми

Пилингот е неопходен за мека и нежна кожа. Но, што доколку имате чувствителна кожа? Тогаш треба да бидете многу внимателни при изборот на пилингот.

Наједноставно е да направите самите пилинг со бадеми и мед.

Потребни состојки:

–      една голема лажица бадеми – мелени

–      една мала лажица мед

–      малку маслиново масло

–      5 капки етерично масло од лаванда

Убаво измешајте ги состојките и смесата ставете ја на лицето. Со нежни кружни движења измасирајте го лицето, вратот и деколтето. Потоа зимијте се со млака вода.

Write A Comment