Celebrity

Nicole Kidman каква што не сте ја виделе!

Една од главните ѕвезди на Канскиот фестивал, Nicole Kidman, во својот најнов филм неверојатно потсетува на Sharon Stone од прочуената сцена во филмот „Ниски страсти“.

Kidman во Кан го промовира новиот филм „The Paperboy“ на кој му се предвидува голем успех. И пред да излезе филмот, се дигна многу прашина околу оваа сцена.

–          Режисерите умеат да извлечат многу работи од актерите, а јас сакав да видам што ќе успее Lee Daniels да извлече од мене. Тоа не знаев дека умеам да го направам. Филмот сеуште не сум го видела, можеби ќе ми биде малку непријатно да го гледам, но мојата работа е да ги преминувам границите и да не се цензурирам себе си, – изјавила актерката.

–          Оваа улога не ми ја донесе талентот, туку изгледот. Режисерот ми кажа дека немаме пари и дека треба сама да се нашминкам и облечам. Тоа и го направив, па се сликав во прилично провокативни пози. Така и ја добив улогата, – објаснува Nicole.

Погледнете како го прави тоа:

Напиши коментар