Celebrity

Nicole Kidman лечи кошмари!

Оскаровката Nicole Kidman ќе игра во филмот „The Railway Man“.

Филмот прати еден ветеран од Втората светска војна, кој со години се бори со своите ноќни мори предизвикани од пост-трауматскиот стрес. Главната улога ќе ја игра оскаровецот Colin Firth, а Nicole Kidman ќе ја игра неговата жена која му помага да се избори со кошмарите и да ги надмине.

Kidman случајно се нашла во оваа улога како замена за Rachel Weisz, која за жал морала да се повлече од улогата поради обврските околу снимањето на новиот дел од сагата „The Bourne Legacy“.

Филмот ќе почне да се снима во Шкотска кон крајот на оваа година, а потоа со снимање ќе се продолжи во Австралија. Филмот треба да биде готов во 2013 година.

Напиши коментар