Една од најголемите поп ѕвезди во Хрватска, Нина Бадриќ ќе си ги одмери силите со другите натпреварувачи на манифестацијата „Избор за песна на Евровизија“ во Азербејџан.
Нина е одбрана да ја претставува Хрватска оваа година, а изборот е направен по директен пат. Поради тоа ќе биде променет и концептот на фестивалот „Дора“ каде досега, последната вечер била традиционално посветувана токму за овој избор.
Овој фестивал годинава се одржува по 20-ти пат, па на првата вечер ќе бидат изведени сите 19 песни кои досега ја преставувале Хрватска на Евровизија. Втората вечер е наменета за Нина и премиерната изведба на песната која оваа година ќе оди на Евровизија.
Евросонг 2012 ќе се одржи во градот Бака, Азербејџан на 22, 24 и 26 мај.
