Celebrity

Ништо од Madonna во Загреб…

Концертот требаше да се одржи на 11-ти Јуни во Загреб, но е откажан поради логистички проблеми.

Организаторите на концерот на Madonna во Загреб изразиле жалење и им порачале на фановите кои веќе купиле карти за концертот дека парите од продадените карти ќе можат да си ги повратат од 19-ти Март на истите продажни места на кои ги купиле.

–          За жал, во светот на корпоративниот бизнис се донесуваат одлуки кои примарно се за доброто на една корпорација. Во овој случај, не можевме да преминеме преку некои договори кои ги имавме со домашните партнери и да ги превземеме потребните логистички обврски кои ни беа наметнати подоцна. Се работи за користењето на стадионот. Со оглед на тоа, заеднички е одлучено дека логистички е невозможно да се организира концертот на едно задоволително ниво. Кога би се остварил концертот, би биле оштетени сите страни вмешани во проектот, како и самите фанови, – пишувало во официјалното соопштение на организаторот Adria забава.

Напиши коментар