After Midnight

Ноќниот живот ја зајакнува врската !!!

Паровите кои излегуваат заедно, подолго време остануваат заедно. Повеќето момци би избрале да седат дома отколку да одат со својата партнерка во ноќен клуб, несвесни дека токму излегувањето ја зајакнува врската со нивната партнерка.

Доколку се навикнати да не излегувате, на почетокот ноќните излегувања може да бидат стресни, но кога ќе се навикнете, нема да можете да замислите одвоени екскурзии.

Не очекувајте премногу

Очекувањата можат да бидат најголемиот непријател. Доколку очекувате дека се ќе биде одлично, најверојатно брзо ќе се разочарате. Доколку детално го анализирате секој сегмент на излегувањето, тогаш со сигурност ќе се разочарате. Можеби ќе игра со некоја девојка, можеби мислете дека ноќниот клуб не е вистинското место за сигурност на Вашата врска, но што и да ве мачи, пробајте да се смирите и не драматизирајте за нешто што не се случило.

Поведете ја Вашата „екипа“

Ако излегувате сами, нема да се забавувате. Сами можете да бидете дома, а за добра журка Ви се потребни пријателите. Викнете ги Вашите познаници, тие нивните и добрата журка е неизбежна и загарантирана. Освен тоа што ќе се зближите како пар, зближувањето со Вашите пријатели може да има огромна непроценлива корист.

Имајте доверба еден во друг

Нему сигурно може да му пријде некоја девојка, тебе сигурно некој дечко. Ваквите ситуации се потенцијална катастрофа за заедничкото излегување. Мажите знаат да бидат многу посесивни и заштитнички настроени кога ќе Ве видат дека некој им се „мота“ околу нивната девојка. Но и жените не се ништо подобри !!! Само довербата еден во друг може да ги намали овие „налудничави“ сомневања…

Средете се

Вашето момче сигурно ќе Ви приговори на краткото фустанче, но тоа е неговиот начин да ти каже дека не му е сеедно што погледите на другите момци ќе бидат вперени во вас. Всушност, кога еднаш ќе разбере дека Вие сте само негова и покрај илјадниците погледи, неговото машко его може да се смири, а тој да постане горд што Ве има само за себе. Пробајте да му објасните дека сте само негова.

Напиши коментар