Celebrity

Нов филм за детето од џунглата!

За разлика од анимираната екранизација на студиото „Дизни“ од 1967 година, оваа би требало да биде многу пореален и помрачен приказ на романот од Rudyard Kipling.

Режисер и сценарист ќе биде Steve Kloves, кој го има адаптирано сценариото и за филмскиот серијал „Хари Потер“. Поради тоа, на филмот уште од сега му се предвидува огромен успех.

Засега сеуште не е познато кој ќе го игра детето Могли, но неговите необични пријатели од џунглата ќе бидат анимирани во посебна техника за да изгледаат што е можно пореално.

Снимањето треба да започне уште ова лето, а не се окрива ни кој ќе ги позајми своите гласови за анимираните ликови.

Напиши коментар