Celebrity

Нов хит на J Lo и Pitbull!

Тимот кој победува не треба да се менува, а тоа многу добро го знаат Jennifer Lopez и Pitbull. По огромниот успех со песната „On the Floor“, J Lo одлучила повторно да го ангажира Pitbull да биде дел од нејзиниот најнов сингл со наслов „Dance Again“. И на оваа песна како продуцент се јавува RedOne.

–          Хемијата со RedOne и Pitbull минатиот пат беше сјајна и уште тогаш се договоривме дека ќе мора да го повториме тоа искуство. Песната е совршена – носи одлична порака. Кога ќе ви се случи нешто лошо тоа не значи дека вашиот живот тука завршува. Морате да станете. Морате да бидете во ред. Морате да играте повторно, – изјавила пејачката при промовирањето на песната.

Што мислите вие? Дали на повидок е уште еден светски хит?

http://www.youtube.com/watch?NR=1&feature=endscreen&v=RFL51BvgztA

Write A Comment