Celebrity

Нова музика на J Lo и Flo Rida!

Латиноамериканската пејачка Jennifer Lopez го објави својот нов сингл со наслов „Goin’ In“. На оваа песна таа соработува со раперот Flo Rida, а истата ќе биде користена во новиот филм „Step Up: Revolution“.

Популарната пејачка за прв пат ја испеа оваа песна на финалето од шоуто „Американски идол“, а нејзината светска турнеја треба да започне следниот месец.

Тука може да го прегледате и новото видео на Flo Rida за песната „Whistle“, која е дел од неговиот иден, четврти по ред студиски албум „Wild Ones“.

Погледнете го фантастичното видео снимено на извонредните плажи на Акапулко во Мексико:

Напиши коментар