Не многу долго откако излезе песната „Never Let Me Go“ и откако го објави дуетот со Bobby Womack, пејачката Lana Del Rey ни претставува уште една нова песна.
Фановите на сѐ попопуларната пејачка имале можност премиерно, во живо да ја слушнат најновата песна со наслов „Body Electric“, која Lana ја испеала на нејзиниот концерт во Лос Анџелес. Ова се случило на првиот од трите закажани концерти во Лос Анџелес, а сите три биле експресно распродадени во рок од само неколку минути.
Сепак, публиката имала забелешка по првиот концерт бидејќи сѐ на сѐ траел само 40 минути, а Lana испеала само 10 песни, без да се врати на бис.
Ова е новата песна:
