Paris Hilton повторно се обидува да ни покаже дека е нешто повеќе од само обична наследничка на милиони.
Нејзиниот нов албум се снима со полна пареа, а овој пат старлетата одлучила поп музиката да ја замени со електро звук. Некои од нејзините песни на албумот се продуцирани од нејзиниот дечко Afrojack и од роднините LMFAO.
На интернет се појави песната „Louder“ која е соработка со раперот Flo Rida. Оваа песна е во продукција на David Guetta и на истата можат да се чујат примеси од хитот „Don’t Stop Believing“. Сепак, гласот на Paris е речиси нпрепознатлив. По бројните звучни ефекти и постпродукцијата на гласот, најверојатно таа само ќе ја отвора устата на настапите.
Преслушајте ја песната:
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=io4qE87SBDs
