Австралискиот актер има нова „улога“ – од сега ќе биде производител на чоколада.
Хју Џекман најави дека наскоро ќе ја претстави сопствената серија на чоколада и дека се надева оти таа ќе стане вистински хит на пазарот. Ѕвездата од филмовите „Х-мен“ обожава чоколада, па се одлучил оваа љубов да ја преточи во бизнис.
– Јадам чоколада секој ден, особено сакам црно чоколадо. Секогаш се расположувам кога јадам чоколада. Се надевам дека така ќе биде и со останатите обожаватели на мојата чоколада, – изјавил актерот.
Заедно со сопругата Дебора Ли Фурнес, Џекман треба наскоро да ја претстави чоколадата со свој потпис.
