Мојата кујна

Нови интересни начини за шарени велигденски јајца

Доколку сакате малку поинакви, а интересни јајца за овој Велигден пробајте го следново:

Потребно ви е стара свилена вратоврска, 100% свила. За поубав изглед на јајцата би било убаво ако имате вратоврска со светли бои која сакате да ја уништите. Отстранете ги рабовите на вратоврската за да нема бели делови на јајцето. Потоа убаво замотајте го јајцето и цврсто врзете го со конец на врвот. Потоа врзете го целото јајце со конец, убаво замотајте го за да се прицврсти материјалот до лушпата подобро. Потоа одозгора замотајте ги со памучни ленти, од некоја јастучница на пример. Убаво прицврстете ги со конец. Ставете ги јајцата да се варат 20 минути во вода во која имате ставено ¼ шолја оцет. Откако ќе поминат 20 минути, ставете ги јајцата во ладна вода да отстојат уште 10 минути. Бојата од свилената вратоврска ќе се отслика на јајцето.

Write A Comment