Flo Rida премиерно го прикажа музичкото видео за песната „Hey Jasmin“, на која ѝ се предвидува огромен успех како диско хит. Во видеото, раперот се наоѓа во дискотека и таму случајно се загледува во една убава девојка на подот за танцување.
Синглот е дел од четвртиот по ред студиски албум на Flo Rida со наслов „Wild Ones“. Албумот треба да излезе во продажба на 3-ти Јули.
Ова е музичкото видео за песната:
Истовремено и Kanye West решил да го пушти видеото за хип-хоп песната „Mercy“ која за прв пат можеше да се преслуша во април. Ова е прв сингл на Kanye од идниот албум „Cruel Summer“. Видеото е во црно-бела верзија и во него, покрај Kanye рапуваат Big Sean, Pusha T и 2 Chainz, со кои пејачот воедно соработува на овој сингл.
