Celebrity

Ново, екстра добро видео на Мадона!

Тука е! Конечно пристигна светската премиера на долгоочекуваното музичко видео на Мадона со наслов „Give Me All Your Luvin“.

Песната е всушност одлична соработка на кралицата на поп музиката со раперката Ники Минаж и МИА, а продуцент на проектот е Мартин Солвејг. Овој сингл истовремено ќе послужи како водечки сингл за 12-тиот по ред студиски албум на Мадона со налсов „MDNA“, кој ќе може да се најде во продавниците од 26-ти Март.

Во режија на Мегафорс, видеото е инспирирано од супер купот во американски фудбал 2012 година и прекрасните навивачки.

Кралицата се врати и повторно е спремна да руши рекорди!

Еве како изгледа видеото:

Напиши коментар