Celebrity

Ново, екстра видео на Kanye West!

Уште едно уметничко дело ѝ е додадено на колекцијата. Се работи за најновото музичко видео на Kanye West за песната со наслов „Lost in the World“, трака која се најде на неговиот албум од 2010 година „Beautiful Dark Twisted Fantasy“.

Сите се запрашаа што му станало на раперот, но еднаш кога ќе се погледне ова фантастично видео, верувајте сè ќе ви стане јасно. Видеото е едноставно без маани, просто совршено. Режисер на спотот е Ruth Hogben, а остварувањето е во црно-бела верзија. Во него, Kanye пее пред една површина во вид на огледало што го отсликува небото над него. Се оддава впечаток како да нема земја под него, а танчерките како да паѓаат од небото.

Погледнете и сами:

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=2LDoJoRM260

Напиши коментар