Celebrity

Ново секси видео на Inna

Романската поп пејачка Inna премиерно го прикажа музичкото видео за песната „Caliente“ која всушност претставува водечки сингл од нејзиниот трет студиски албум кој треба да биде пуштен во продажба во текот на 2012 година.

Песната се пее главно на шпански, а има и мал дел од рефренот на англиски.

Инаку, видеото е снимено на плажите во Костарика, а во него може да се види поранешниот дечко на Madonna, Jesus Luz како го глуми љубовникот на Inna. Спотот изобилува со прекрасни глетки како од песочните плажи и кристалната вода, така и од прекрасната пејачка која носи секси и заводлива облека.

Погледнете и сами:

Напиши коментар