Celebrity

Ново видео на Jessie J заедно со David Guetta!

Британската пејачка Jessie J го објави музичкото видео за песната „LaserLight“ во кое таа игра на мзуиката под зраците на ласерските светла и диско топките во разни бои.

Песната е дел од дебитантскиот албум на пејачката „Who You Are“ кој беше пуштен во продажба минатата година. Како соработник и копродуцент на песната се јавува францускиот диџеј David Guetta.

За вториот музички албум Jessie J најавува дека ќе ја искаже својата болка, но на еден позитивен начин.

–          Тоа ќе бидам јас како кажувам дека во ред е да не си во ред. Не на секоја песна ѝ треба среќен крај.

Еве го и видеото за „LaserLight“:

Write A Comment