Kylie Minogue (43) дефинитивно со текот на времето станува сѐ подобра во она што го прави. Оваа година, таа прослави 25 години активност на музичката сцена, а покрај турнејата со сеуште необјавени песни, „Џебната Венера“ ги почести своите фанови и со еден нов спот, како и со нова песна со наслов „Timebomb“.
Kylie и понатаму му останува верна на својот поп стил, овој пат со примеси на електро музика. Спотот е снимен во Лондон. Како сето тоа е спакувано во една песна и музичко видео, погледнете сами во спотот кој тука ви го претставуваме:
Се очекува Minogue на 4-ти Јуни да ja објави „Best of Collection“, а новиот сингл во живо за прв пат ќе го промовира овој викенд во шоуто „The Voice“.