Младата пејачка Lana del Ray објави уште едно музичко видео како поддршка за нејзината песна „Carmen“ која исто така е дел од дебитантскиот албум на пејачката со наслов „Born to Die“.
Оваа трака ја опишуваат како „темна приказна за психозата на една убава девојка“ и е една од најпопуларните на албумот. Клипот кој е објавен е колаж од стар филм и телевизиски снимки, потоа различни и случајни кадри, како и гламурозни и улични снимки од пејачката.
Дефинитивно Lana сака да се држи до креативноста по која полека станува сѐ попрепознатлива. Во иднина се очекува и вистинско видео за оваа трака. Сега погледнете го виралното видео:
