Celebrity

Ново видео на Nicki Minaj и Chris Brown!

Ексцентричната раперка Nicki Minaj соработува со Nas за да го подготви најновото музичко видео за песната „Right by My Side“. Овој сингл е дел од последниот албум на пејачката насловен како „Pink Friday: Roman Reloaded“.

Инаку, како дел од овој музички проект е и раперот Chris Brown, кој исто така се појавува во видеото. Несомнено оваа песна ќе биде огромен музички хит, со оглед на тоа што мелодијата, текстот и рапувањето на Minaj се едноставно хармонично склопени и сето тоа изгледа совршено.

Спотот е во режија на Benny Boom, а во него Nicky глуми љубов со Nas кој треба да претставува нејзин дечко.

Погледнете го видеото:

Напиши коментар