Celebrity

Ново видео на Pitbull за „Луѓе во црно 3“

Латино раперот Pitbull премиерно го прикажа музичкото видео за песната „Back in Time“ која всушност претставува дел од саунтракот за научно-фантастичниот филм со комични елементи „Man in Black 3“. Во филмот како што е познато, главните улоги ги играат Will Smith и Tommy Lee Jones.

Режисерот очигледно сакал да го направи видеото малку поинтересно и понеобично, па решил да го стави раперот и во неколку сцени од самиот филм. Во другите делови од видеото, Pitbull е опкружен со многу жени кои се само за него… Вообичаената приказна, знаете и сами!

Сепак, одвојте три минути и погледнете ги видеото:

http://www.youtube.com/watch?v=hD2-S_M80sE

Write A Comment