Кантри пејачката Тејлор Свифт веднаш по доделувањето на Греми наградите каде си доби Греми статуетка за кантри албум, премиерно го објави видеото за песната „Safe and Sound“.
Песната е колаборација со кантри/фолк дуото „The Civil Wars“ и овој сингл треба да биде саундтрак на долгоочекуваниот филм „The Hunger Games“. Засега синглот се наоѓа на 30-то место на Билборд листата.
На видеото може да ја видите Тејлор како замислено, носталгично и ранливо лута низ една неверојатно волшебна шума во есен. Членовите на дуото пеат од една удобна и топла викендичка.