Celebrity

Обама ќе станува пејач?! :)

Барак Обама уште еднаш покажа дека е најдобар политичар меѓу пејачите и најдобар пејач меѓу политичарите. Американскиот претседател повторно ги покажа своите вокални способности и тоа заедно со Би Би Кинг… и било навистина неверојатно.

Настанот се случил во Белата куќа, кога Обама сакал да им се заблагодари на Би Би Кинг и Мик Џегер за нивниот настап. Обама ја испеал песната „Sweet Home Chicago“, рамо до рамо со „кралот“ и ги вчудоневидил сите присутни.

На крајот, додека Мишел и Барак ја напуштале просторијата, рок бендот ги испратил како вистински рок ѕвезди.

Еве го и настапот:

Напиши коментар