Објавена е ретка снимка на еден од последните настапи на џез трубачот Louis Armstrong.
Иако докторите го советувале да не работи во тоа време, Armstrong постојано свирел во клубот „National Press“ во Вашингтон и тоа само пет месеци пред да умре во јануари, 1971 година.
Здравјето му било значително влошено поради проблемите со срцето и бубрезите, но се чувствувал доволно здраво за да отсвири барем пет песни. Сите присутни на настанот добиле по една грамофонска плоча со настапот во живо на неа. Меѓутоа, со тек на време, тие плочи биле изгубени или заборавени.
Откако една од тие плочи била пронајдена, клубот одлучил овој настап да го објави на интернет.
Траките на плочата можат да се преслушаат на следниот линк:
http://www.folkways.si.edu/albumdetails.aspx?itemid=3370
