After Midnight

Обновувањето на врската со бившиот завршува со солзи!

Обновувањето на врската со бившиот/та не секогаш е најдобрата идеа. Можеби сте стигнале до ваков заклучок од сопствено искуство или сте биле сведоци на грешките од своите пријатели.

Сега и науката тврди дека враќањето на бившиот често завршува со несреќна врска или трагичен брак. До оваа констатација стигнала професор Amber Vennum од Kansas State University, која се занимава со истражувањето на така наречените циклични врски, термин што се користи за објаснување на паровите кои се разделиле и покасно ја обновиле врската.

Повеќето од нас знаат како е да копнееш за некој бивш и да мечтаеш за втора шанса. Но во реалниот живот колку и да боли можеби има врски кои е подобро да останат во минатото – вели Амбер. Резултатите од нејзиното истражување покажуваат дека партнерите во цикличните врски се поимпулсивни при одлучувањето или важните решенија како на пример да почнат да живеат заедно, да си купат домашен миленик или да создадат дете, во споредба со паровите кои се во нормална врска.  Како последица од ова, паровите во циклична врска се незадоволни од партнерот, имаат лоша комуникација, земаат решенија кои се одразуваат лошо на врската, со помала самодоверба се и многу несигурни на прашањето дали ќе останат заедно.

Професор Амбер тврди дека паровите кои често се караат и разделуваат, продолжуваат со таков тип поведение и кога ќе стапат во брак. Тие често се сомневаат дека секој еден момент нивната врска може да пукне.

За да го заборавите бившиот, експертите советуваат дека треба сосема да го исклучите од својот живот. Научно докажавме дека во деновите кога се среќаваме со бившиот, имаме повеќе љубовни чувства кон него во споредба со деновите кога не сме го виделе – споделува Амбер. Или со други зборови, научно е потврдена вистинитоста на древната поговорка: „Далеку од очите – далеку од срцето!“.

Напиши коментар