Celebrity

Очекувајте албум и автобиографија на R Kelly!

По подолго време, R&B ѕвездата R Kelly повторно се враќа во светот на музиката и сите очекуваат за брзо време да си го заземе своето место на светските топ листи. Неговиот најнов студиски албум е најавен за 26-ти Јуни.

Ова е 11-ти по ред албум на музичарот и како што е соопштено, тоа ќе биде продолжение на претходниот албум со наслов „Love Letter“ кој беше објавен пред дури две години. Овој албум, меѓутоа, ќе се вика „Write Me Back“.

Но, тоа не е сѐшто треба да очекуваме од R Kelly во блиска иднина. Тој има намера да објави и автобиографија со наслов „Soula Coaster: The Diary of Me“.

Напиши коментар